По атентатот на Фицо, Вучиќ добил порака дека тој ќе биде следен
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Мај 2024
Српската полиција уапсила едно лице поради, како што се вели, упатување закани кон претседателот Александар Вучиќ.
Според вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, уапсениот е Д. М. од Сомбор и тој е веќе во 48-часовен притвор.
„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на државата, сомборецот Д. М. е уапсен и одредена му е мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, кое го пренесува „Танјуг“.
Како што пренесуваат српските медиуми, заканувачките пораки кон Вучиќ биле откако тој на социјалната мрежа „Икс“ објавил дека е шокиран од атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо нарекувајќи го голем пријател на Србија. Во одговорите на неговата објава пишувало дека следната цел ќе биде Вучиќ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс