Огномет од луксузна јахта во Грција предизвика пожар и пеплоса борова шума: туристите ги налутија Грците

Шумскиот пожар на грчкиот остров Хидра кај Атина избувнал поради огномет испукан од луксузна јахта, соопштија пожарникарите.

За предизвикување на пожарот уапсени се 13 патници од јахтата од која запалиле огномет и предизвикале пожар во Хидра, а бродот е запленет.

Грчките власти го осудија инцидентот кој се случи во екот на туристичката сезона и првиот топлотен бран.

Пожарот што синоќа избувна на туристичкиот остров Хидра, јужно од Атина, е ставен под контрола, соопштија локалните власти. Причина за пожарот, кој ја запали единствената борова шума на тој грчки остров, според грчкиот противпожарен тим, бил огномет кој бил испукан од приватна јахта.

Според грчките медиуми, граѓаните на Казахстан ја изнајмиле јахтата, а властите најавиле апсења поради пожарот. Капетанот на блискиот брод кој бил сведок на инцидентот дал изјава пред властите, пренесе Екатимерини.

Градоначалникот на островот Хидра, Јоргос Кукудакис, го осуди инцидентот, велејќи дека е „навреден што одредени луѓе предизвикуваат пожари на таков неодговорен начин“.

„Во екот на туристичката сезона сме. Секој треба да одговара за своите постапки“ рече Кукудакис.

Оваа вест предизвика негодување и на социјалните мрежи.

„ Богати луѓе со повеќе пари отколку мозок“, рекол еден корисник, пренесува BBC.

На почетокот на годинава Грција ги заостри казните за предизвикување пожари, а на сторителите им се заканува казна затвор до 20 години и парична казна до 200.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.