Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Мендоза на западот на Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

 

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 123 километри, на околу 1.086 километри од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

 

Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.