Саркофаг од римската ера откриен на плажа во Варна

Саркофаг од античко римско време е случајно откриен на плажа во близина на одморалиштето Свети Константин и Елена во Варна, соопшти бугарското МВР.

 

Поранешен полицаец го забележал саркофагот во близина на новоизградениот, но сѐ уште нефункционален комплекс и го пријавил во Петтиот регионален оддел – Варна, пренесува „Новините“.

 

Увид на локалитетот извршија стручни лица од Археолошкиот музеј и претставник од главната управа на Инспекцијата за заштита на културното наследство при Министерството за култура.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.