Уапсени лидерите на моќниот картел „Синалоа“, Ел Мајо и синот на Ел Чапо

Мексиканскиот наркобос Исмаел Ел Мајо Замбада и синот на неговиот поранешен партнер Ел Чапо се уапсени вчера во Ел Пасо, Тексас, соопшти американското Министерство за правда

 

„Министерството за правда уапси уште двајца наводни водачи на картелот ‘Синалоа’, една од најнасилните и најмоќни организации за трговија со дрога во светот“, се вели во соопштението на Министерството.

 

Замбада и Хоакин Гузман Лопез, синот на Ел Чапо, се соочуваат со повеќе обвиненија во САД за водење криминални операции на картелот, вклучително и производство на фентанил и мрежа за шверц на дрога, се вели во соопштението објавено од „Ројтерс“.

 

Двајца американски официјални лица изјавија за „Ројтерс“ дека Замбада и Гузман Лопез биле приведени кога слетале со приватен авион.

 

Замбада го кооснова картелот ‘Синалоа’ со Ел Чапо, кој беше екстрадиран во САД во 2017 година и издржува доживотна затворска казна во затвор со максимална безбедност.

 

По екстрадицијата на Ел Чапо, неговата криминална империја ја наследија неговите четири сина – познати како Лос Чапитос или малиот Чапос, кои станаа еден од најголемите американски извозници на фентанил, синтетички опиоид, кој е до 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.