Најмалку две лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати по обилните дождови во североисточна Јапонија

Најмалку две лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати по обилните дождови кои зафатија делови од североисточна Јапонија, предизвикувајќи поплави и свлечишта, соопштија локалните власти.

Еден 86-годишен маж загинал во префектурата Акита, а уште еден се води за исчезнат, јави агенцијата Кјодо. Двајца полицајци во соседната префектура Јамагата исчезнале откако нивното полициско возило било однесено од поројни дождови, а еден од нив бил пронајден и потврдено дека е мртов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.