Лизгање на земјиштето и поплави, железничкиот сообраќај во прекин: невреме во Италија

Северниот дел на Италија го зафати невреме, кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај беше запрен, а училиштата на некои места беа затворени.

 

Обилните дождови што ги зафатија регионите Лигурија, Емилија Ромања и Тоскана во Италија предизвикаа поплави во некои населени места, јавува „Анадолија“.

 

Италијанската противпожарна бригада продолжува со акциите за пребарување и спасување, досега се спасени 30 лица, а домот за стари лица во Суверет е евакуиран.

 

Активиран е портокалов аларм во Емилија Ромања и во пристанишниот град Ла Специја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.