Италијанска сурферка загина по напад од сабјарка во Индонезија, рибата ѝ ги пробила градите

Италијанка од Торино загина во петокот додека сурфаше во Индонезија, откако сабјарка ја нападна и и ги прободе градите, пишува Би-би-си.

 

Џулија Манфрини (36) сурфала во водите на островот Ментаваи, кој се наоѓа во Западна Суматра, кога се случил инцидентот, според достапните информации.

 

Според очевидци, две лица се обиделе да и помогнат на 36-годишната жена. По нападот на сабјарката, таа била пренесена во медицинскиот центар.

 

 

„Информациите што ги добивме од началникот на округот Југозападен Сиберут беше дека дошло до несреќа со италијанска државјанка додека сурфала. Неочекувано, сабјарката удрила директно во градите на жената“, рече Лахмудин Сирегар, вршител на должноста шеф на регионалната агенција за управување со катастрофи на островот Ментавај, за новинската агенција Антара.

 

Претходните истражувања покажаа дека нападите на сабјарка врз луѓето се ретки, но можат да бидат опасни. Овие риби се познати по нивната брзина и агресивни движења, особено кога се чувствуваат загрозени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.