Мајката на девојката која загина со своето момче во Нови Сад: Таа беше нашиот свет
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Ноември 2024
Анѓела Руман (20) и Милош Милосављевиќ (21) загинаа кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатиот петок.
Нејзината мајка Зорица Руман даде изјава за Нова.рс.
„Тешко ни е, сепак со неверување прифаќаме дека изгубивме два ангела – нашата Анѓела и нејзиното момче. Не можеме да веруваме, сè уште не сме свесни за тоа. Таа беше нашиот свет, нашата ѕвезда водилка… Секој момент чекаме да излезе од собата. Сè уште мислам дека е со Милош и дека наскоро ќе се врати, дека ќе му се јави на тато: „Тато, не најдовме превоз, можеш ли да дојдеш да не земеш?“, изјави таа за Нова.рс.
Се присети на последниот разговор со Анѓела.
„Мамо, ќе ме испратиш ли до станицата? Се плашеше да оди сама со воз, беше толку срамежлива. Јас тогаш и реков: „Ајде, среќно, порасни, имаш 20 години, ќе се качиш на возот, Милош ќе те чека таму и ќе продолжите. И отиде, им се јави на татко и и сестра ѝ. Разговаравме околу 11 и 20, 11 и пол, се договоривме да одиме кај нив во недела, да ја запознаеме мајката на Милош“.
„И додека разговаравме се прекина врската, дали се случи во тој момент или не, навистина не знам. Разговаравме, таа ми рече: „Пристигнав, се е во ред, Милош рече дека доаѓа, но уште го нема. Се прекина врската, мислев дека можеби дошол Милош и дека излегле од станицата“, вели мајката на загинатата девојка.
Посочува дека се уште се надева дека ќе се појави Анѓела.
„Очекуваме да се појави и да и каже на сестра си: „Јас ја средив собата вчера, а ти пак направи хаос“, да каже: „Мајко, не грижи се, ќе ти помогнам“, вели мајката.
Таа вели дека Анѓела била нејзината ѕвезда водилка, која и дала сила и волја за живот.
„Имав тешка операција пред 10 години и никој не ми даде шанса да преживеам. Таа тогаш имаше седум години, таа беше мојата ѕвезда, таа беше таа што ми даде волја да живеам со нејзината енергија. Прекрасно, божествено дете. Се подготвуваа за свадба, а на крајот заедно отидоа во смрт“, изјави таа за Нова.рс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс