Кремљ демантира: Не, Путин и Трамп не разговарале
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 11 Ноември 2024
Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.
„Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс