Зеленски: Русија лансираше околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 17 Ноември 2024
Русија лансираше околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во „масовен“ комбиниран воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Целта на непријателот беше нашата енергетска инфраструктура низ Украина. За жал, има оштетувања на објектите од ударите и паѓањето на остатоците, напиша тој во изјавата на социјалните мрежи.
Рускиот воздушен напад во Украина во раните утрински часови денеска предизвика „сериозна штета“ на опремата на термоцентралите на најголемиот приватен снабдувач со енергија во Украина, ДТЕК, соопшти компанијата.
Во објавата на ДТЕК на социјалните мрежи се додава дека тимовите на компанијата работат на поправка на оштетената опрема, но не е прецизирано што точно било погодено.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс