ОН: На секои 10 минути по една жена умира од рацете на блиска личност

Најмалку 85.000 жени и девојки биле убиени ширум светот во 2023 година, од кои повеќето биле убиени од најблиските – роднини или партнери, според бројките објавени од ОН денеска, нарекувајќи го „алармантно ниво“ на фемицид.

„Домот останува најопасното место за жените, бидејќи 60 отсто од нив биле жртви на сопружници или други членови на семејството“, се вели во извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) со седиште во Виена и телото на ОН за родова еднаквост.

Тоа значи дека секој ден се убиваат 140 жени или по една на секои 10 минути.

Феноменот ги преминува границите, зафаќајќи ги сите социјални категории и возрасни групи, а најпогодените региони се Карибите, Централна Америка и Африка.

На американскиот континент и во Европа, фемицидот најчесто го врши партнерот, додека во остатокот од светот најчесто се членови на семејството.

Многу жртви пријавиле физичко, сексуално или психичко насилство пред смртта, според податоците достапни во одредени земји.

Ова сугерира дека многу убиства можеле да се избегнат, се нагласува во извештајот алудирајќи на судските мерки за забрани и заострувањето на законите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.