Гренланд не е на продажба: порака од премиерот до Трамп
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Декември 2024
Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот Муте Егеде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на овој арктички остров.
„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Ројтерс.
Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хаури, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа Tryth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.
Американскиот конгресмен од Грузија, Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември предложи, САД повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој и припаѓа на Данска, пренесува Танјуг.
Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.
„Волстрит журнал“ тогаш објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“ содржи огромни наоѓалишта на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер. Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика. Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.
САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Вториот обид да се купи се случил во 1910 година, а во 1946 година американската влада и понудила на Данска понуда од 100 милиони долари, која ја одбила.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс