Израел го повика пратеникот на Ватикан на разговор поради изјавите на папата Франциско за Газа

Израелското Министерство за надворешни работи го покани пратеникот на Ватикан да разговара за изјавите на папата Франциско, кој го обвини Израел за „суровост“ во Појасот Газа, објави денеска израелскиот портал „Ynet“.

 

Според извештаите, израелското Министерство изразило разочарување од изјавите на папата во разговорот со пратеникот на Ватикан, Адолфо Тито Илан во вторникот.

 

Министерството за надворешни работи на Израел претходно ја критикуваше оценката на папата Франциско дека израелското бомбардирање на Газа е „сурово“ и го обвини римокатоличкиот водач за двојни стандарди, бидејќи тој наводно ја игнорира суровоста на Хамас.

 

Во средата, за време на божиќното обраќање, Папата изрази загриженост за војната во Газа и ја опиша хуманитарната ситуација во енклавата како „исклучително тешка“, повторувајќи ги повиците за прекин на огнот, пренесува Танјуг.

 

Во средината на ноември, по објавувањето на неговата книга „Надежта никогаш не разочарува“, папата Франциско се соочи со критики за тврдењето дека операциите на Израел во Газа „имаат карактеристики на геноцид“ и ги повика меѓународните тела да истражат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.