Мајмунски сипаници во Приштина, прв регистриран случај кај 30-годишен маж

Во Косово е забележан првиот случај на мpox, болест која уште се нарекува и мајмунска сипаница, јавуваат тамошните медиуми.

 

Институтот за јавно здравје од Косово соопшти дека лабораторијата за микробиологија преку ПЦР-тест утврдила дека 30-годишен маж е заразен со овој вирус и веднаш бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

 

Како што пренесува порталот „Телеграфи.ком“, овој човек неодамна престојувал во Африка, а има треска, промени на кожата на лицето и рацете и чешање.

 

Пациентот е во стабилна состојба, а се проверуваат сите контакти што ги имал, како и членовите на неговото семејство, според написите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.