Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 29 Декември 2024
Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица.
Има двајца преживеани, членови на екипажот. Се работи за стјуардеса и стјуард кои се хоспитализирани, а преживеале бидејќи биле кај опашката на авионот – единствениот дел од леталото кој не е целосно оштетен.
Во авионот имаше 181 лице, од кои повеќето државјани на Јужна Кореја.
Возраста на патниците се движела од три до 78 години, но повеќето биле на возраст од 40, 50 и 60 години, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Според јужнокорејските власти, најмладиот патник бил тригодишно момче. Од вкупниот број на загинати, пет се деца помлади од 10 години.
Владата прогласи период на национална жалост во земјата во следните седум дена. Знамињата на владините канцеларии ќе бидат спуштени, а државните службеници ќе носат црни ленти.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс