Црните кутии на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ќе бидат испратени во Бразил на истрага

Црните кутии на авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во средата во Казахстан ќе бидат испратени на истрага во Бразил, каде што се произведени.

„Комисијата за истражување на несреќата одлучи да ги испрати рекордерите на летот (црните кутии) до Центарот за истражување и спречување на аеронаутички несреќи (ЦЕНИПА) во Бразил, кој е и земја на производителот на авионите Ембраер“, се наведува во соопштението на казахстанското Министерство за транспорт, пренесе порталот „Казинформ“.

Центарот ЦЕНИПА располага со лабораторија со потребни технички можности, опремена со соодветни алатки и е сертифицирана за нивно проучување, пренесува Казинформ.

Ова прашање го надгледува лично претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Авионот на Азербејџан ерлајнс се урна на 25 декември во близина на Актау.

Во авионот имало 67 лица, меѓу кои и пет членови на екипажот.

Во несреќата загинаа 38 патници, меѓу кои и шест државјани на Казахстан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.