Италијанската премиерка за Маск: Тој е брилијантен човек, имаме многу добри односи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го бранеше американскиот милијардер Илон Маск од критиките од другите европски метрополи опишувајќи го како брилијантен човек во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објавено денеска.

 

„Тој е голема фигура на нашето време, извонреден иноватор, кој секогаш ја има на ум иднината“, рече таа.

 

Лидерката на екстремно десничарската партија Браќата на Италија проговори и за својот личен однос со основачот на „Тесла“ велејќи дека тие имаат многу добри односи.

 

„Ние двајца, дефинитивно, имаме многу добри односи. Тој е брилијантен човек и секогаш е многу интересно да се работи со него“, рече таа.

 

Од победата на Трамп на претседателските избори во САД, Маск сѐ повеќе се обидува да влијае на политиката во Европа преку изјави на разни канали. Меѓу другите коментари, тој го нарече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер тиранин, а канцеларот Олаф Шолц – будала.

 

Сега има повици од разни страни да се ограничи неговото влијание.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.