Пропаднати преговорите за формирање влада во Австрија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јануари 2025
Преговорите за формирање нова тричлена влада во Австрија пропаднаа во петокот кога најмалиот од потенцијалните коалициски партнери ги прекина преговорите.
Разговорите траат од октомври кога австрискиот претседател му ја довери задачата на конзервативниот канцелар Карл Нехамер да формира нова влада. Оваа одлука беше донесена откако сите други партии одбија да соработуваат со лидерот на екстремно десничарската Партија на слободата (FPÖ), која првпат победи на националните избори во септември.
Нехамер се обидуваше да формира коалиција на неговата Австриска народна партија (ÖVP) со социјалдемократите (SPÖ) и либералната партија Неос.
Партијата на Нехамер и социјалдемократите претходно заедно владееле со Австрија, но сега имаат само минимално мнозинство во парламентот, со вкупно 92 од 183 места. Ова се сметаше за недоволно стабилно, па се обидоа да ја вклучат партијата Неос во коалицијата, пренесуваат медиумите во регионот.
Сепак, лидерката на партијата Неос, Беате Мајнл-Рајзингер, рече дека во петокот наутро ги известила Нехамер, лидерот на социјалдемократите, Андреас Бабл, и претседателот Александар ван дер Белен дека нејзината партија нема да ги продолжи разговорите за пристапување во новата влада.
Таа изјави дека не е можно да се постигне напредок или договор за основните реформи.
Не беше веднаш јасно што ќе се случи следно, според написите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс