Трамп: Зборував со Си преку претставник
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Јануари 2025
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека тој и кинескиот лидер Си Џинпинг разговарале преку претставници и верува оти двајцата лидери ќе се сложуваат. „Веќе разговаравме. Разговаравме преку нивните претставници“, рече Трамп во интервјуто со конзервативниот водител на ток-шоу Хју Хјуит.
Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, го опиша Си како силен и моќен човек кој е почитуван во Кина. „И мислам дека веројатно ќе се сложуваме многу добро, предвидувам“, рече тој. „Но, знаете, тоа мора да биде двонасочна улица“, додаде Трамп, повторувајќи го обвинувањето дека Кина економски ги „краде“ САД.
Трамп го покани Си и други странски лидери на неговата инаугурација во Вашингтон подоцна овој месец, но експертите велат дека кинескиот лидер најверојатно нема да присуствува. Трамп назначи голем број анти-кинески јастреби на клучни позиции во неговата нова администрација, вклучувајќи го и сенаторот Марко Рубио за државен секретар.
Тој, исто така, рече дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските производи, освен ако Пекинг не направи повеќе за да ја запре трговијата со дрогата фентанил, која предизвикува голема зависност. Тој се закани со царини од повеќе од 60 отсто за кинески стоки додека беше на кампањата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс