Трудо ја отфрли заканата на Трамп за присоединување на Канада кон САД како економска сила
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Јануари 2025
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51. американска држава.
„Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Американски Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо во објавата на мрежата X.
Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“ додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс