Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.

 

За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикува претседателот во заминување Џо Бајден за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.

 

„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави до знаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.

 

Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.

 

Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. специјални воени операции во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.

 

Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.