Руте: Сите мораме да направиме сѐ за да обезбедиме Украина да ја продолжи својата борба

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денеска, во Германија, пред почетокот на состанокот на контакт-групата за помош на Украина, предводена од Соединетите Американски Држави, дека земјите од алијансата мора да направат сѐ што е можно за да ѝ дозволат на Украина да продолжи со своите вооружени акции.

 

„Мораме да направиме сѐ што е можно за да ѝ обезбедиме на Украина потребна опрема и обука за продолжување на борбата“, рече Руте.

 

Тој на средбата истакна дека е клучно да се демонстрира учеството на сите земји од НАТО во давање поддршка на Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.