Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 10 Јануари 2025
Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси 10.000 згради и не покажува знаци на стивнување.
Пожарот во близина на населбата Пацифик Палисадес, кој се наоѓа меѓу Санта Моника и Малибу на северозападниот дел на градот, речиси стана најразорниот пожар во американската историја откога се прошири на повеќе од 13,7 илјади хектари и изгоре цели населби.
Бројот на загинати во пожарите се искачи на десет, објавија градските власти доцна во четвртокот по локално време, без да дадат детали за околностите на смртта.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, претходно изјави дека, за жал, очекува тој број да расте. „Изгледа како да паднала атомска бомба во тие области. Не очекувам добри вести и се плашиме од овие бројки“.
Приватната метеоролошка организација „Акју ведр“ ја проценува досегашната штета од пожарите меѓу 135 и 150 милијарди долари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс