Цените за транспорт на нафта вртоглаво пораснаа; Трговците: Виновни се американските санкции за Русите
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2025
Цените за транспорт на нафта со супертанкер драстично се зголемија кога САД воведоа нови санкции за рускиот нафтен сектор, предупредија трговците и посредниците во транспортниот сектор. Американскиот Стејт департмент минатиот петок објави дека вовел санкции за руските нафтени компании „Газпром нефт“ и „Сургутнефтегаз“ и 183 брода што превезувале руска нафта, како и трговци, осигурителни компании и транспортери на руска нафта.
САД преземаат сеопфатни мерки против клучниот руски извор на приходи за финансирање на војната против Украина, рече секретарката Џенет Л. Јелен.
Се очекува драстично намалување на руските приходи
Логиката на санкциите е да ја покријат секоја фаза од руското производство и дистрибуцијата на нафта, рече претставник на Белата куќа додавајќи дека нивното правилно спроведување може да ги намали руските приходи за милијарди месечно.
Новите американски санкции ќе му нанесат тежок удар на рускиот извоз и ќе ги принудат Индија и Кина да набавуваат повеќе нафта од Блискиот Исток, Африка и Америка, велат трговците и аналитичарите. Кинеската филијала на „Синопек“ – „Унипек“ – изнајми неколку многу големи товарни бродови (ВЛЦЦ) минатиот петок, кои може да пренесат два милиона барели нафта, а цените на товарот нагло скокнаа, велат извори од индустријата.
На рутата на Блискиот Исток до Кина тие се зголемија 39 отсто од минатиот петок достигнувајќи го највисокото ниво од октомври, на 37.800 долари, изјави неименуван брокер.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс