Трамп: Бајден ја сведе американската надворешна политика на најниско ниво во историјата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2025
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше надворешнополитичките резултати на претседателот во заминување Џо Бајден, нарекувајќи ги ново најниско ниво во американската историја.
„Кога ќе погледнете што се случи во последните четири години, мислам дека тоа беше најниската точка во историјата на нашата земја. Беше толку лошо“, изјави синоќа Трамп за каналот Newsmax.
Непосредно пред тоа, Бајден се пофали со достигнувањата на неговиот надворешнополитички тим, тврдејќи дека тие се најдобри во историјата на Белата куќа.
Трамп има дијаметрално спротивен став за резултатите од дипломатијата на Бајден.
„Не сакам да ги навредувам луѓето кога се на пат“, рече Трамп пред да ја нарече страшна, надворешната политика на Бајден.
За време на неговиот прв мандат 2017-2021 година, Трамп беше познат по затегнатите односи со традиционалните американски сојузници, како што се Германија и другите членки на НАТО, што доведе до стравувања дека САД би можеле да го напуштат долгогодишниот воен сојуз. Тој, исто така, бараше посилни врски со традиционалните американски ривали како Русија и Северна Кореја, анализираат медиумите.
Откако победи на изборите во ноември, Трамп успеа да ги подигне тензиите со Канада, членка на НАТО, нарекувајќи ја американска држава, дури и пред да влезе во Белата куќа, а исто така одби да ја исклучи употребата на воена акција за преземање на Гренланд, територијата на Данска, уште еден сојузник во НАТО..
Администрацијата на Бајден, од друга страна, го обвинува Трамп дека всушност го одредил датумот за повлекување од Авганистан и го скратил времето за подготовки. Тие, исто така, ги оспоруваат тврдењата на Трамп за вредноста на напуштената воена опрема во Авганистан.
Новоизбраниот американски претседател Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин бил охрабрен од лошото американско повлекување од Авганистан и затоа извршил напад врз Украина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс