По Австралија, и Индонезија планира да постави минимална возраст за пристап до социјалните мрежи
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Јануари 2025
Индонезија планира да донесе регулатива со која ќе се постави минимална возраст за пристап до социјалните мрежи за да се заштитат децата, изјави индонезиската министерка за комуникации, Меуџа Хафид.
Таа не прецизира колкава ќе биде минималната старосна граница за пристап до социјалните мрежи, објави „Ројтерс“.
Хафид рече дека разговарала за плановите со индонезискиот претседател Прабово Субијанто и дека тој ја поддржал заштитата на децата во дигиталниот простор.
Австралиската влада соопшти претходно дека ќе донесе закон оваа година за воведување минимална возраст за пристап на децата на социјалните мрежи, но допрва треба да објави која ќе биде минималната возраст за пристап до мрежите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс