Нова опасност демне во Санторини откако граѓаните избегаа, полицијата постави блокади: островот продолжува да се тресе
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 05 Февруари 2025
Сеизмичката бура која го тресе Санторини во изминатите денови продолжи и во текот на ноќта.
Два земјотреси со јачина од 4 и 4,3 степени според Рихтеровата скала во рок од пет минути ги погодија Санторини и Аморгос во раните утрински часови во средата.
Првиот земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран во 4 часот и 16 минути по локално време со епицентар на 18 километри од Аркесинина на Аморгос, а вториот е регистриран во 4 часот и 21 минути во областа Санторини.
Според грчките медиуми, од шест часот утринава оваа област ја погодиле шест земјотреси над 3 степени според Рихтеровата скала.
Во исто време продолжува егзодусот на локалното население и туристите од Санторини, а експертите предупредуваат на нова опасност.
Околу 11.000 луѓе ги заклучија своите домови и го напуштија островот, што ги зголеми стравувањата од грабежи.
Полицијата е во состојба на готовност, со интензивни патроли и блокади на патиштата, во обид да спречи евентуални упади. Загриженоста на властите беше зголемена поради општата ситуација, додека нивната објава на социјалните мрежи на која се сугерираат можни кражби привлече внимание.
Според извештаите, властите ги зголемиле полициските патроли во главниот град Фира, како и во најпознатите места на островот. Во исто време, поставени се блокади на главните сообраќајници, а се проверуваат сомнителни возила и движења, особено во областите каде што куќите останаа затворени поради интензивна сеизмичка активност.
Постојаните жители кои остануваат на островот изразуваат загриженост, повикувајќи ги властите да преземат уште построги мерки.
„Се плашиме дека некои ќе ја искористат ситуацијата и ќе почнат да упаѓаат во куќи. Веќе слушнавме за инциденти“, изјави за „Прототема“ бизнисмен од областа Акротири.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс