
Ќе се урива облакодерот во Лондон во кој во пожар загинаа 72 луѓе
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 06 Февруари 2025

Лондонската кула „Гренфел“, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа, во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните.
Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна.
Групата Grenfell Next of Kin (GNK), која ги застапува роднините на речиси половина од загинатите, соопшти дека британската вицепремиерка Ангела Рајнер одлуката за уривање на зградата им ја соопштила на семејствата и на преживеаните на синоќешниот состанок.
Уривањето на кулата, која сè уште стои и е покриена со заштитна фолија, ќе почне дури по осмата годишнина од трагедијата во јуни оваа година, велат семејствата.
Во јавната истрага за пожарот, за катастрофата обвинети се пропустите на владата, градежната индустрија и најзначајно – компаниите вклучени во монтирање на надворешноста со запалива обвивка. Неколкумина преживеани и семејствата веруваат дека каква било кривична постапка е одложена поради истрагата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
