
Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 24 Февруари 2025

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живеење, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.
Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.
„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата беа одземени од своите семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој. Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.
„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е исправно, но тие не може и не треба да го направат тоа сами“, рече Трудо. Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече пресвртница, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видеоврска, според „Унијан“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
