
Трамп им нуди на странците златни билети од 5 милиони долари за живот и работа во САД
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 26 Февруари 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ќе почнат да продаваат „златни билети“ во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места. „Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на овој билет. Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, изјави американскиот претседател за новинарите во Белата куќа.
„Тоа е некако како зелена карта“ за постојан престој во Соединетите држави, „но на повисоко ниво на софистицираност“, рече Трамп, додавајќи дека „златната карта“ ќе им овозможи на нејзините иматели пристап „кон државјанство“ на долг рок.
Руските олигарси, од кои повеќето се под санкции на САД по руската инвазија на Украина, потенцијално ќе можат да аплицираат за програмата. „Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, рече Трамп. „Можно е“ тие се подобни за програмата, додаде тој.
Трамп рече дека новата програма за имиграција би можела да почне да функционира за околу две недели. „Златните картички“ ќе ја заменат имиграциската програма „ЕБ-5“, која им овозможи на странските инвеститори со големи суми пари да отворат работни места во САД и да добијат постојан престој во земјата.
Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник рече дека постоечката програма е склона кон измама и е „начин да се добие зелена карта по ниска цена“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
