
Tрамп: Цел свет не’ крадe
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Март 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше актуелната трговска политика на САД, велејќи дека земјата е во загуба во глобалните трговски односи. На социјалната мрежа „Трут соушал“ тој напиша:
„САД немаат слободна трговија. Имаме глупава трговија. Целиот свет нè краде!!!“.
Трамп претходно изјави дека Европската Унија, која „е најнепријателскиот злоупотребувач на даноците и царините во светот и е создадена со единствена цел да ги искористува Соединетите Држави, штотуку воведе царина од 50 отсто за вискито“.
„Доколку овие тарифи не се укинат веднаш, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и други земји во ЕУ. Тоа ќе биде одлично за бизнисот со вино и шампањ во САД“, напиша тој на социјалната мрежа.
Европската комисија објави дека на 1 април ќе ја прекине сегашната суспензија на царините за американските производи и дека нејзините мерки целосно ќе стапат во сила до 13 април
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
