
Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 20 Март 2025

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“.
Фестивалските прослави почнаа синоќа со огнови, пиротехнички средства, па дури и рачно изработени експлозивни направи. И покрај предупредувањата на полицијата дека ќе користат беспилотни летала за следење на употребата на пиротехника, во инцидентите се забележани неколку смртни случаи.
Иранската итна медицинска помош објави дека 21 смртен случај се регистрирани во Иран, а 6.419 повредени лица побарале лекарска помош. Меѓу повредените, 18 лица се во тешка состојба, а најмногу инциденти се регистрирани во Техеран, источен и западен Азербејџан.
„Чахаршанбе Сури“ се слави во последната среда вечерта пред Новруз, персиската Нова година, што го означува доаѓањето на пролетта.
Популарен меѓу децата и младите, настанот вклучува прескокнување оган, огномети и рачно изработени експлозиви, кои често предизвикуваат сериозни несреќи. Секоја година прославите и подготовките резултираат со десетици смртни случаи и илјадници повредени во Иран
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
