Руте го предупреди Путин: Ако Русија ја нападне Полска, одговорот на НАТО ќе биде поразителен

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Варшава предупреди дека секој што би замислил да ја нападне Полска треба двапати да размисли, бидејќи НАТО ќе одговори со полна сила, а реакцијата ќе биде поразителна.

 

„Ако некој направи погрешна пресметка мислејќи дека може да ја нападне Полска без последици, нашиот сојуз ќе одговори. Реакцијата ќе биде поразителна. Тоа мора да му биде јасно на господинот Владимир Владимирович Путин или на секој кој би сакал да не нападне“, рече Руте на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.

 

„Сите треба да го следиме примерот на Полска и да ги зголемиме нашите трошоци и да преземеме чекори. САД истакнаа дека се решени да го задржат НАТО како силен сојуз, а за ова зборуваше и Доналд Трамп. Европа мора да ги зголеми своите трошоци“, рече Руте.

 

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска мора да биде подготвена за различни сценарија, вклучувајќи ги и оние што не и се допаѓаат.

 

„Полска и јас лично не мораме воопшто да се оправдуваме кога станува збор за помошта на Украина. На сите им е јасно дека преговорите се водат и нашето влијание врз нив е ограничено, дотолку повеќе што Полска мора да биде подготвена за сценарија кои нема да бидат сто проценти како што ги опишавме“, рече Туск.

 

Полскиот премиер истакна дека е исклучително важно Полска да знае дека сега кога геополитиката се менува пред наши очи, останува на сила целосната НАТО солидарност, верба, сигурност и гаранции дека  и понатаму важи членот 5 од договорот „еден за сите, сите за еден“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.