
Поплави во БиХ: во некои делови прогласена вонредна состојба
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Март 2025

Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост каде е прогласена состојба на елементарна непогода.
Поради дождот кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите.
Во градот се поплавени и бројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства.
Поради покачување на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски Мост во месноста Лакташ.
Поради наглото покачување на водостојот на Сава и неговите притоки, кој се излеа во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба.
Во некои училишта во областа Градишка денеска е откажана наставата.
Поради надојување на реките Велика и Мала Усора, граѓаните низ Теслиќ мака мачат со поројните дождови, а наставата во училиштата е прекината.
Во Босанска Крупа се излеа реката Крушница и неколку потоци, а поплавени се земјоделски површини и помошни објекти
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
