Лани забележано зголемување на просечните трошоци за работна сила од час во ЕУ

Просечните трошоци за работна сила од час во Европската Унија се зголемија на 33,5 евра во 2024 година.

 

Просечните трошоци за работна сила од час во Европската Унија лани биле проценети на 33,5 евра, што претставува зголемување во однос на 2023 година кога изнесувале 31,9 евра, објави денеска „Евростат“.

 

Најниски трошоци за работна сила од час се забележани во Бугарија – 10,6 евра, Романија 12,5 евра и Унгарија 14,1 евра, а највисоки во Луксембург – 55,2 евра, Данска 50,1 евра и Белгија 48,2 евра.

 

Гледајќи ги секторите, просечните часовни трошоци за работна сила во индустријата на Европската Унија биле 33,9 евра, во градежништвото 30 евра, во услужниот сектор 33,3 евра, во неделовното стопанство (освен јавната администрација) 34,2 евра, пренесува „Танјуг“.

 

Двете главни компоненти на трошоците за работна сила се платите и дневниците, како и трошоците што не се поврзани со плата, како што се социјалните придонеси на работодавецот.

 

Учеството на трошоците што не се поврзани со платите во вкупните трошоци за работна сила во ЕУ е 24,7 отсто.

 

Најмал удел од овие трошоци е забележан во Романија – 4,8 отсто, Литванија 5,4 отсто, Малта 5,8 отсто, а најголем во Франција – 32,2 отсто и Шведска 31,6 отсто, се додава на веб-страницата на „Евростат“, пренесува „Танјуг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.