Рубио: Поништивме повеќе од 300 визи за странски студенти, ги бараме тие лудаци секој ден

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Стејт департментот укина повеќе од 300 визи и предупреди дека администрацијата на Доналд Трамп секојдневно ги бара оние луди луѓе откога американските власти оваа недела приведоа и му ја укинаа визата на турски студент на Универзитетот „Тафтс“.

 

Рубио ова го изјави како одговор на прашање за Румејса Озтурк, турската студентка што беше уапсена во вторникот вечерта во Сомервил, недалеку од Бостон. Нејзиното апсење е последното во серијата потези на администрацијата на претседателот Трамп против странските студенти кои изразија поддршка за Палестинците во израелската војна во Газа, пренесува „Ал џезира“.

 

„Можеби повеќе од 300 во овој момент. Ова го правиме секој ден. Секојпат кога ќе најдам некој од тие лудаци, му ја одземам визата“, рече Рубио на прес-конференција во Гвајана, без да прецизира чии визи се укинати, пренесуваат светските агенции.

 

Зборувајќи со новинарите во авионот назад за Вашингтон, Рубио рече дека тоа е комбинација од студентски и визи за посетители. Тој додаде дека лично ја потпишал секоја од тие одлуки.

 

„Се надевам дека во одреден момент ќе ги снема затоа што се ослободивме од сите, но секојдневно ги бараме овие лудаци што прават хаос“, рече тој.

 

Рубио рече дека Вашингтон може ја укине секоја претходно издадена виза доколку студентите се вклучат во акции како што се „уништување на имотот на универзитетот, малтретирање студенти, окупирање згради, создавање неред“.

 

„Луѓето што ги тераме од нашата земја вандализираат, тие не се демонстранти. Тие ги окупираат универзитетските кампуси. Тие ги малтретираат колегите студенти. Тие не протестираат, тие ја преминуваат границата во знак на протест“, рече Рубио.

 

„Кој ќе најдам, ќе го исфрлиме“, рече тој, според написите





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.