
(Видео) Напаѓачот со нож во Амстердам го совладал турист
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Март 2025

Младиот човек, кој го совлада напаѓачот со нож во Амстердам во саботата, е турист, соопшти холандската полиција, но нема детали од која земја е.
Видеото: https://twitter.com/i/status/1905343748818534858
Полицијата ја нарече интервенцијата на граѓаните херојска. Според „Телеграф“, човекот извршил т.н. граѓанско апсење, кое, според портпаролката на полицијата во Амстердам, е дозволено ако граѓанин е сведок на кривично дело.
„Ако фатите осомничен на дело, можете да го задржите додека не пристигне полицијата“, објаснува таа. Според неа, ова не се случува често.
Вчера, на социјалните мрежи беше објавено видео, кое покажува дека младиот човек го совладува на земја напаѓачот кој избоде пет лица.
Повредените се 67-годишна жена и 69-годишен маж со американско државјанство, 26-годишен маж од полска националност, 73-годишна жена од Белгија и 19-годишна девојка од Амстердам.
Мотивите за нападот сѐ уште не се познати
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
