Додик: Јас сум цел затоа што не се согласив да им служам на парите на УСАИД; последните удари на поразените елити

Во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац. Прво издание од ваков вид во и за македонската литература.

 

Деновиве излезе од печат колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и на Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац. Работата на изданието е производ на повеќегодишната работа на неколкумина македонски членови на Комисијата за стилистика при Меѓународниот славистички комитет.

 

Автори на монографијата се научните истражувачи од Институтот за македонска литература: Славчо Ковилоски, Марина Цветаноска, Билјана Рајчинова-Николова, Славица Петровска-Ѓорѓевска и Ема Лакинска, професорите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Весна Мојсова-Чепишевска, Иван Антоновски и Трајче Стамески, како и Бранко Тошовиќ од Универзитетот во Грац. Изданието е во редакција на Бранко Тошовиќ и Славчо Ковилоски.

 

Станува збор за прво издание од ваков вид во и за македонската литература. Mонографијата е објавена како трета книга од серијата „Словенска стилистика“. Првиот авторски тим што успеа да го заврши овој потфат е македонскиот, со што изданието стана првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји.

 

Овој, би рекле, пионерски потфат, во извесна мера би можел да послужи и како своевидна историја на македонската книжевност, со оглед на тоа што во него е опфатена целокупната македонска литература, почнувајќи од раниот среден век па сѐ до денес. Посветено е значително внимание на поетиката на македонската поезија, на романите, на драмите, на расказите, на критиката и на другите книжевни жанрови, без разлика дали се оригинални или преведени дела.

 

Презентирањето и популаризацијата на македонски стилистички и поетички истражувања во светот, особено во словенскиот регион и во Јужнославија (термин на Б. Тошовиќ), ќе биде олеснето со фактот дека оваа монографија е објавена надвор од Македонија ‒ во Австрија, дека е отпечатена во научна серија на една од комисиите на Меѓународниот славистички комитет, дека е опремена со резиме и содржина на англиски, на германски и на руски јазик, со предметен индекс и индекс на имиња и со литература по секоја статија и интегрална библиографија на крајот од аналитичкиот дел од книгата, и дека ќе биде претставена на научни собири во повеќе земји.

 

Како рецензенти на колективната монографија се јавуваат: Венко Андоновски, Маја Јакимовска-Тошиќ, Валентина Миронска-Христовска, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Јасмина Мојсиева-Гушева. Освен нив, на најразлични начини, за потребите на изданието беа вклучени и други лица: Марија Пандева, Елена Пренџова, Владимир Цветкоски и Татјана Б. Ефтимоска.

 

Првата промоција на иzданието, веќе е закажана и ќе се одржи во Задар, Хрватска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.