
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро итно опериран: последици од нападот со нож во 2018 година
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Април 2025

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше опериран во приватната болница „ДФ Стар“ во главниот град Бразилија, каде беше пренесен со хеликоптер, објавија локалните медиуми.
Како што пренесува Си-ен-ен Бразил, лекарскиот тим се согласил дека е неопходна хируршка интервенција за да се реши интестиналната опструкција.
Оваа информација ја потврди самиот Болсонаро во соопштение испратено до неговите приврзаници.
„Денеска ќе подлежам на уште една операција, поради последиците од нападот со нож што ги претрпев во септември 2018 година. Со мене е бискупот Карваљо и добри лекари и медицински сестри. Со Божја помош се ќе помине добро“, напиша тој.
Поранешниот претседател прекина политички настан со своите приврзаници во петокот кога почувствува „тешка“ болка и беше пренесен со хеликоптер во болница во главниот град на државата Натал, се вели во соопштението на неговата Социјал-либерална партија, пренесе Ројтерс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
