Лавров: На Словените им е забрането она што им е дозволено на Албанците

 

Од перспектива на Западот, Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците, изјави денес рускиот министер за надворешни работи ,Сергеј Лавров.

 

Тој, споредувајќи ги ситуациите во Косово и на Крим, рече дека Западот се спротивставил на референдумот во Крим, а го поддржал едностраното прогласување независност на српската покраина поради, како што рече, расизам.

 

„Не, вие не можете, вие сте Словени, а ние имаме Албанци“. Тоа се расистички работи. Ние веќе никому ништо не му должиме, ќе се однесуваме како што сакаме“, рече Лавров во интервју за „Комерсант“.

 

Тој рече дека немало референдум во Косово, туку дека претставникот на ОН, поранешниот претседател на Финска, Марти Ахтисари, само рекол дека Косово е независно по налог на САД.

 

„Во Косово не се одржа никаков референдум. Таму, претставникот на ОН, поранешниот претседател на Финска, Ахтисари, кој беше вознемирен поради тоа, излезе и рече ‘Косово сега е независно’. Ниту референдум ниту ништо. Американците му рекоа дека треба да го направи тоа – и тој го направи“, рече Лавров.

 

Тој објасни дека во тој момент Западот целосно го игнорирал територијалниот интегритет на Југославија, иако немало закана за албанското население во покраината.

 

„Тие целосно го игнорираа територијалниот интегритет на Југославија! Во времето на едностраното прогласување на независноста на Косово немаше борбени операции на територијата околу тој дел од Србија и немаше закана за населението во Косово, кое наводно требаше да се спаси. Имаше резолуција што беше усвоена дури и пред Косово да ја прогласи својата независност. Советот за безбедност на ООН одлучи дека таму треба да има српски полицајци, дека српските граничари треба да стојат на надворешната граница на Косово – но тие, едноставно, плукнаа на тоа! И тргнаа по патот на сецесија“, рече Лавров





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.