
Албин Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Април 2025

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на Косово.
Оставката уследи по почетокот на постапката во рамките на конститутивната седница на деветтото свикување на косовскиот pарламент, која се одржува во Собранието, каде што пратениците ќе положат заклетва и ќе изберат нов претседател на Собранието, како и потпретседатели.
Според законите на Република Косово, секој што ќе стане член на парламентот и претходно имал извршни функции во владата – како што се премиер, министри или заменик-министри – е должен да поднесе оставка од своите позиции за да го преземе парламентарниот мандат.
Курти му ја поднесе својата оставка на функцијата премиер на претседателот на Собранието и истакна дека неговата одлука е донесена за да може да положи заклетва како пратеник во новото свикување на Собранието на Косово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
