
(Видео) Се спушти густа портокалова магла во Ирак, луѓето се задушуваат, нема струја, летовите откажани
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Април 2025

Повеќе од илјада луѓе се пожалиле на респираторни проблеми кога песочна бура ги погоди централните и јужните делови на Ирак, соопштија здравствените власти.
Официјален претставник од покраината Мутана изјави дека се регистрирани најмалку 700 случаи на задушување, според АФП.
Неверојатни снимки кружат на социјалните мрежи, на кои се гледаат области покриени со густа портокалова магла, а локалните медиуми известуваат за прекини на електричната енергија и откажувања летови во неколку региони.
Песочните бури се честа појава во Ирак, но некои експерти веруваат дека тие стануваат сè почести поради климатските промени. Пешаците и полицијата носеа маски за да се заштитат од прашината, а медицинските екипи беа на терен за да им помогнат на луѓето што имаа тешкотии со дишењето.
Повеќе од 250 лица побарале медицинска помош во покраината Наџаф, најмалку 322 пациенти, вклучувајќи деца, биле примени во болници во покраината Диванија, а најмалку 500 други пријавиле проблеми со дишењето во покраините Ди Кар и Басра. Песочната бура ги покри јужните провинции на Ирак со портокалов облак, што ја намали видливоста на помалку од еден километар, пишува Би-би-си.
Властите беа принудени да ги затворат аеродромите во провинциите Наџаф и Басра. Според податоците на ОН, Ирак е меѓу петте земји најранливи на климатските промени, со чести песочни бури, екстремна топлина и недостиг на вода.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
