Педофилска група сексуално злоупотребувала деца во Глазгов седум години

Педофилска банда од седум мажи и жени од Глазгов дејствувала непречено седум години и покрај очигледните предупредувачки знаци. Неколку деца, вклучувајќи некои сè уште во пелени, биле подложени на организирани ноќи на силување. Сторителите се зависници, кои им давале на децата и алкохол и кокаин.

 

Никој од присутните не се обиде да им помогне на децата, сите помлади од 13 години. Наместо тоа, тие аплаудираа, снимаа и платија за да продолжи злоупотребата, пишува „Скај њуз“.

 

Едно момче се сеќава на звукот на тајмерот што означувал кога едно силување завршило, а друго почнало. Овој ужас се одвивал зад вратите на една валкана зависничка дупка, стан на приземје во предградие на Глазгов исполнето со инсекти, познато како куќата на ѕверот.

 

Бандата дури и ги принудувала децата од основно училиште да јадат храна за кучиња и меѓусебно сексуално да се задоволуваат додека тие гледале. Ги туркале во микробранови печки и ги заклучувале во замрзнувачи. Едно девојче било обесено за облеката на шајка во кујната.

 

За време на судењето во 2023 година, на кое седум насилници беа осудени на години затвор, судијата Лорд Бекет рече дека скандалот ги достигнал длабочините на човечката изопаченост.

 

Педофилската банда се состоела од: Јан Овенс (46), Елејн Ланери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бранан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (48). Тие беа осудени на вкупно речиси 100 години затвор.

 

Сепак, се поставува прашањето како воопшто можело да се случи ова. Децата биле посетени од социјални работници, тие дури биле регистрирани во регистарот на заштитени деца во 2018 година пред полицијата да го реши случајот во 2020 година.

 

Како е можно децата да биле силувани редовно и организирано, а во исто време да биле во регистар дизајниран да го спречи тоа? Полицијата обработи речиси 1.000 докази.

 

„Скај њуз“ го посети споменатото предградие на Глазгов, но никој не сакаше да разговара.

 

„Скај њуз“ дознава дека хуманитарните организации исто така изразиле загриженост. Дејствита на социјалните работници, полицијата и на службите за заштита на децата сега се истражуваат во независна ревизија. Овие прегледи се вообичаени во цела Велика Британија кога дете е сериозно повредено или убиено. Но, колку се ефикасни ревизиите ако трагедиите продолжуваат да се случуваат?

 

Поранешниот комесар за деца во Шкотска и водечки експерт за заштита на децата, Там Бејли, изјави за „Скај њуз“ дека целиот процес се преиспитува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.