
Додик: Добив понуда од моќни луѓе
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 17 Април 2025

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
