Обожавателите полудеа по фотографиите од Педро Паскал во Кан, неговите раце се хит

 

Педро Паскал стана вирален по појавувањето на Канскиот филмски фестивал.

 

 

50-годишниот актер пристигна на 78. Кански филмски фестивал на 17 мај, каде што го промовира филмот „Едингтон“, во режија на Ари Астер, кој доби петминутни овации од публиката. Педро позира на црвениот тепих и им го даде на своите обожаватели токму она што го сакаа. Носеше црни панталони, елегантни чевли и црна маичка, што ги истакнуваше неговите мускули.

 

Обожавателите го преплавија интернетот со коментари пишувајќи колку го обожаваат актерот, но и неговите раце.

 

„Јас, која го ‘лајкувам’ секој твит за Педро Паскал откога пристигна во Кан“, напиша една обожавателка.

 

„Како и да е, да се вратиме на важните работи… Педро Паскал, дефинитивно, можеше да биде во момчешки бенд од 90-тите“, напиша друга обожавателка, а многумина се согласија со нејзиното тврдење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.