
Зеленски: Украина поканета на самитот на НАТО
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Јуни 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е поканета на самитот на НАТО во Хаг, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.
Зеленски им изјави на новинарите дека во понеделникот имал средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објавува „Украинска правда“.
„Бевме поканети на самитот на НАТО. Мислам дека ова е важно“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател не прецизира како Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО, но рече дека министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, ќе разговара со своите колеги за распоредот.
Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
