Русија прифати набљудувачи во Керчански Залив

Русија прифати присуство на германски и француски набљудувачи во Керчански Залив поради судирот со украинската морнарица, што се случу кон крајот на ноември минатата година, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Германската канцеларка Ангела Меркел пред повеќе од еден месец побара од претседателот (Владимир) Путин да им дозволи на германските експерти да го посетат Керчанскии Залив и да видат дали е прооден… Претседателот Путин веднаш прифати, посочи Лавров на вчерашната прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, истакна Лавров.

Тој додаде дека е прифатено и присуство на француски експерти.

Лавров истакна дека договорот до сега не е реализиран, но оти од Мас добил предлози со кои треба да се согласи Украина.

Русија на 25 ноември заплени три украински бродови и уапси 24 морнари по инцидентот во Керчански Залив. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.