Над 150 мигранти пронајдени во Грција за неколку часа

Најмалку 150 бегалци и мигранти биле пронајдени и спасени од полноќ до рано утрово во морски води на грчка територија.

 

Грчката крајбрежна служба соопшти дека брод на „Фронтекс“ интервенирал во спасување на 30 лица кои во два одвоени случаи со три чамци биле забележани во близина на островот Кос.

 

Во првиот случај биле спасени девет бегалци и мигранти, во вториот 21 распределени во два чамци, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, на островот, од полноќ до рано утрово пристигнале вкупно шест чамци со 57 бегалци и мигранти.

 

Истовремено, на островот Фармакониси, што исто како и Кос се наоѓа во близина на турското крајбрежје, пристигнале 40 лица.

 

Според АНА-МПА, во морскиот дел југозападно од Пелопонез во брод биле откриени околу 60 мигранти и бегалци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.