САД ги повикаа каталонските демонстранти на ,,умереност“

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на „умереност“ во реакцијата на судската пресуда за политичарите кои организираа референдум за независност во 2017 година, потсетувајќи дека претседателот Доналд Трамп сака „силна и обединета Шпанија“.

       

 

„Како што претседателот стави јасно до знаење,САД поддржува силна и обединета Шпанија. Ова е внатрешна работа на Шпанија, која и понатаму е важен сојузник во НАТО и важен партнер на САД“, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на неименуван извор од американската влада.

       

„Повикуваме на умереност на оние што се вклучени во протестите и ги повикуваме сите да дејствуваат во согласност со шпанскиот закон“, се вели во апелот на САД.

        

Во вторникот 74 лица беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во каталонските градови, при што 25 се приведени.Ова е втор ден на протестот, откако во судирот во понеделникот беа повредени 131 лице, а тројца беа уапсени.

        

Протестите се случија откако Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди деветмина каталонски политички лидери на 9 до 13 години затвор за организирање на нелегален референдум во 2017 година и прогласување независност на Каталонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.